|
Почитувани,
Добредојдовте на страниците на Туристичкиот Водич за град Струга. Во изминатиов период се потрудивме да го изработиме овој проект, со цел туристите кои доаѓаат во нашиот град да ги добијат сите потребни информации за нивниот престој во Струга. Исто така, сакаме да ги запознаеме сите оние кои никогаш не биле во Струга, со се она што го нуди нашиот град и околината, и да ги инспирираме да не посетат.
На страниците на Туристичкиот Водич покрај информациите за местата и локалитетите кои туристите треба да ги посетат, сакаме да го претставиме сето она што на еден турист му е потребно, почнувајќи од капацитети за сместување и исхрана, атрактивни места за излегување во ноќен живот, купување на секакви производи...
На тој начин, Туристичкиот Водич ќе биде интересен не само за туристите, туку и за струшката јавност, затоа што покрај туристичката, ја содржи и бизнис понудата на нашите компании.
Би сакале и да им се заблагодариме на сите приватни компании кои со огромен интерес и задоволство ја прифатија оваа наша иницијатива и со тоа овозможија да го реализираме Туристичкиот Водич.
Овде, би сакале да се извиниме што некои од нашите страници сеуште не се функционални. Туристичкиот Водич го направивме во прилично краток период, буквално со деноноќна работа, за да можеме навремено да го пуштиме во работа. Во тек е комплетирање на страниците а истовремено се врши и преводот на aнглиски јазик
Вашите забелешки, коментари и предлози, како и секогаш, со нетрпение ги очекуваме.
Со почит,
Тимот на strugaportal.com
|