| Клима |
|
|
|
| Вторник, 09 Јуни 2009 05:53 |
|
Во летниот период температурите се движат од 28 °С до 33 °С. а температурата на водата достигнува и до 26,4 °С.
Просечниот број на денови со летна температура на воздухот повисока од 25 °С и на површинскиот дел на водата од езерото од 20 °С, изнесува од 73-78 денови, со најголем интензитет во јули и август. Во зимскиот период од годината средно месечните температури се над нулата. Во планиските делови над 1600 м.н.в. температурите пониски од 0 степени започнуваат од декември до крајот на март. Инсолацијата во Струга и струшкиот регион е мошне висока. Со 2208,3 часови годишно, Струга го зазема првото место во Република Македонија. Во различните годишни периоди Струга има различен сончев сјај. Така на пример,од месец декември до месец август сончевиот сјај е подолг ,а обратно е од месец август до месец декември . Во месеците јули и август просечната инсолација стигнува од 10 до 12 часа,со што позитивно влијае во општата клима на градот Струга. Статистичките податоци покажуват дека во Струга и струшката котлина облачноста е најголема во декември и изнесува до 7,2 часа, а најмала во август кога се спушта 1,4 часа. Врнежите од дожд во Струшката котлина се сиромашни. Просечната количина на дожд изнесува 600-700мм. А на околните планини достигнува од 2000-2500мм дожд, тој пример е планината Јабланица. Во струшката котлина годишно има 96 врнежливи денови во годината,со минимум на летните месеци. Географската положба на Струга, отвореноста на струшката котлина, планините околу градот како и близината на езерото, овозможуваат во Струга да дува ветар од сите страни. Ветровите се делат на постојани и локални. Во постојаните ветрови спаѓаат ветровите што доаѓаат од југ и од север. Ветровите од север обично доаѓаат по долината од реката Црн Дрим и носат свежина, ги има низ целиот период на годината, но најчесто во зима.
Јужниот ветер дува обично во март и април,а поретко во мај. Јужниот ветер е погоден за лов на јагула, плашици, грунец. Локалните ветрови се производ на нееднаквото загревање на копното и езерската водена маса.
Карактеристичен ветер за Охридското Езеро е ветерот Стрмец. Доаѓа од околните планини и затоа е студен,дува преку цела ноќ до изгрејсонце со тивок ветер и полн бран.
|